АФКОН: Мароко го “скрши“ Камерун и се пласираше во полуфиналето!

110
ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

Селекцијата на Мароко е вториот полуфиналист на АФКОН, по Сенегал и домашната репрезентација се најде во следната фаза на ова натпреварување откако пред своите фанови во Рабат, славеше против Камерун со 2:0.

Во тоа полуфинале најсериозниот претендент за титулата ја чека битка со подобриот од дуелот меѓу Алжир и Нигерија.

Мароканците, кои имаат и тоа како силен состав во кој играат ѕвезди на големите европски клубови, поведоа со голот на Брахим Диаз во 26.минута по асистенцијата на Ел Каби.

Камерун колку и да се обидуваше да стори нешто повеќе, сепак не беше тоа доволно да се дојде до израмнување. Во 74.минута Саибари стрелаше за 2:0, за конечна победа во ова четвртфинале.

ПретходноБрегалница се раздели со Дарко Алексовски – Пеле!
СледноРајковиќ и Тофаш ќе играат “мајсторка“ против Шоле