Готово е: Сака во Арсенал до 2031!

140
ФОТО: Arsenal/FB

Готово е, се чека само на промоцијата. Имено она што беше најавувано во претходните месеци, теренот се подготвуваше и конечно сè е завршено, и треба да се официјализира.
А тоа е дека Букајо Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал за уште пет сезони. Клубското дете ќе остане до 2031 година со подобри финансиски услови, досега бруто беше платен 18 милиони евра. Во Арсенал го гледаат како еден од најдобрите на својата позиција во Европа, што е факт и се свесни дека најсилните тимови во светот би го сакале доколку имало каква било пречка во врска со новата соработка.
Тој е во клубот од седумгодишна возраст и го имаше своето деби во првиот тим во 2018 година, станувајќи еден од најважните играчи во ерата на Микел Артета, а Арсенал е заинтересиран да продолжи да гради околу него. Така тоа го прават големите клубови кога станува збор за своите деца.
Тој има само 24 години, а во текот на својата кариера досега директно учествувал во 105 голови во Премиер лигата.

ПретходноМарко Брешанини ќе ја спасува Фиорентина од најлошото
СледноПелистер ги откачи Белиќ и Ристиќ, останува Булатовиќ, си оди и Ристевски!