Австралискиот тенисер Ник Кирјос одлучи да се повлече од поединечната конкуренција на претстојниот Отворен турнир на Австралија.
Овој потег, од друга страна, му одговараше на швајцарскиот тенисер Стен Вавринка, кој со тоа доби посебна покана и како 156-ти тенисер во светот ќе избегне квалификации и ќе влезе во главната ждрепка.
„Не сум подготвен да играм во Мелбурн“, кратко објасни Ник, кој ќе биде во Мелбурн, но само во машка конкуренција во двојки, каде што тој и Танасис Кокинакис ќе се обидат да го повторат резултатот од пред четири години, кога го освоија трофејот.
„Подготвен сум да се вратам на теренот, но пет сета е нешто сосема друго. Сè уште не сум подготвен за таа дистанца. Подобро е мојата покана да оди кај некој друг кој е сега поподготвен од мене“, објасни тој зошто ја донел оваа одлука.
Вавринка, кој објави дека ова ќе му биде последна година како професионално игра тенис.
Швајцарецот успеа да го освои трофејот во Мелбурн во 2014 година, кога го победи Рафаел Надал во финалето.










