Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настап на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Во овој момент нашите момци се наоѓаат во Швајцарија каде се дел од меѓународниот турнир „Жолтиот Куп“.
Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници на стартот го совладаа Бахреин. Предводникот на нашиот национален тим направи мини-анализ.
„Пред се сме задоволни што сме овде на овој силен турнир што го избравме за да имаме квалитетни контроли пред ЕП. Добро трениравме, победивме, тоа беше нашата примарна цел и успеавме да славиме против една борбена репрезентација како Бахреин. Имаме доста работи за поправање, не сме баш задоволни од играта, но ова е само прв меч. Се надевам дека на следната средба ќе бидеме подобри, па потоа и уште подобри на третата и полека ќе ја кренеме формата за она што ни претстои – настапот на Европското првенство“, истакнува Лазаров.
Македонија денеска го игра вториот меч, за противник ја има селекцијата на Украина.










