Старт и во Битола, Пелистер ќе се подготвува во Анталија и ќе игра со Спартак, Железничар….

136

И во Битола денеска се разбудија фудбалските духови. Пелистер означи старт на подготовките за пролетната полусезона во која што тимот планира да одигра сосема спротивно од она што на терен го видовме есеноска.

Битолчани разочараа во досегашниот дел од сезоната, а тренерот Милан Стојановски планира се што се случуваше во изминатиот период да биде заборавено и да се почне од почеток што се вели.

Пелистет планира да се засили со неколку имиња, а потоа да замине и во Анталија.

Од денес до 17 јануари ќе тренира во домашни услови, а потоа тимот ќе се пресели во Турција, каде ќе мине двонеделни подготовки. Во Анталија, Пелистер договори три контролни натпревари преку кои ќе ја бруси формата.
● 20.01 – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
● 24.01 – Пелистер – Железничар (БиХ)
● 28.01 – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

ПретходноБрера означи старт на подготовките
СледноПотврда на најавеното: Демир Имери замина за Кипар (ВИДЕО)