Тиквеш тргна со нова енергија, нова управа и планови за на пролет (ВИДЕО)

566

Македонските прволигаши денеска во серија ги стартуваа зимските подготовки. По Брера и Пелистер, на ред е и Тиквеш, кој што денеска во домашни услови, во Кавадарци и официјално започна со работа.

Традиционално клупската управа е на терен, што се вели, но овојпат и освежена и засилена со нов спортски директор, дел од новата сопственичка структура.

„Денеска и официјално стартуваме со подоготовки. Му посакувам на ФК Тиквеш како целина успех како на овие подготовки така и на пролет. Иако сеуште сме во таа опасна зона на табелата, мислам дека ќе ги обезбедиме сите услови за да направиме добар резултат во вториот дел од сезоната. Неколку играчи си заминаа, но многу ми е драго ете за младиот Спасов кој што замина за Турција. Си замина и Ивановски кој што има ангажман во странство. Ќе донесеме засилувања, кои што сериозно ќе не засилат, не само за да пополниме бројка. Не е лесно да се донесе квалитет во овој момент но ќе направиме се за да тоа биде така“ – изјави шефот на стручниот штаб на Тиквеш, Борче Христов.

Тиквеш заминува инаку за Белек Турција на базични подготовки.

ПретходноПотврда на најавеното: Демир Имери замина за Кипар (ВИДЕО)
СледноИван Ивановски со трансфер во Јордан