Рајковиќ и Тофаш ќе играат “мајсторка“ против Шоле

82
фото: TOFAŞ Spor Kulübü (X)

Откако вечерва Тофаш на нашиот тренер Емил Рајковиќ, беше поразен на гостувањето кај Шоле, во вториот меч од квалификациите во Лигата на Шампионите, јасно е дека ќе мора да играат “мајсторка“, па преку неа да изборат пласман во групната фаза.

По триумфот на првиот меч на свој терен, Тофаш на Рајковиќ вечерва беше поразен од Шоле на гости со 105:68. Во текот на целиот меч домашните имаа водство, беа подобри и на крајот заслужено славеа.

Инаку “мајсторката“ ќе се игра на 14 јануари на која Рајковиќ и Тофаш ќе бидат домаќини, ете шанса за победа и за пласман во следната фаза во ова натпреварување.

ПретходноАФКОН: Мароко го “скрши“ Камерун и се пласираше во полуфиналето!
СледноВладимир Стојковиќ на 42. години ќе брани за Чукарички