Стојановски: Во Анталија ќе имаме прекрасни услови за работа, доведовме две засилувања, очекувам уште три!

269

Од денеска Пелистер е во погон што се вели. Стратегот Милан Стојановски прво имаше состанок со играчите, изврши прозивка а потоа се одработи и првиот тренинг. Сега веќе се знае дека главниот дел од подготовките ќе се одработи во Анталија.

За клупските социјални мрежи, Стојановски покрај другото истакна:

Еве денеска ги стартувавме подготовките. Да кажам дека досега доведовме две ново имиња, очекувам уште три. Барав од управата да се оди во Анталија, и ете тоа е исполнето, познато е дека таму ќе имаме прекрасни услови за работа. Познато е и со кого ќе одиграме таму пријатлски, тоа е убаво, но мене лично повеќе ме интересираат тренинзите и воигрувањето на тимот. Само така ќе можеме да ја темпираме формата. Се надевам дека нема да имаме повреди“ посочи Стојановски.

ПретходноИван Галевски: Оваа победа многу ни значи, секогаш може подобро!
СледноШкендија Арачиново промовираше уште едно засилување! (ФОТО)