Еве каде можете да гледате Македонија – Швајцарија (ЛИНК)

3959

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот меч на турнирот „Жолт Куп“, кој е во рамките на подготовките за настап на Европското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци ќе ги одмерат силите против домаќинот, Швајцарија, победникот ќе го освои првото место.

Нашите ракометари претходно ги победија Бахреин и Украина, исто како и денешниот противник.

Дуелот со Швајцарија треба да биде последен тест пред ЕП, каде на стартот Македонија ќе се соочи со актуелниот светски и олимписки првак.

Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија можете да го гледате на следниот ЛИНК.  

ПретходноБарџи го доби култниот дрес со бр.19 на Барса! (ФОТО)
СледноЕХФ ги повлече Начевски и Николов од листата за Европското првенство