Учесниците на Европското првенство кое од 15. јануари до 1. феверуари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари за што подобра подготовка за настап на шампионатот.
Македонија во овој период има две победи во исто толку одиграни натпревари, беше подбра од Бахреин и Украина, а денеска против Швајцарија ќе се бори за првото место на „Жолтиот Куп“. Мечот со домаќинот на овој тунрир е закажан со почеток во 18 часот.
Романија пак е еден од противниците на македонската ракометна репрезентација во групната фаза на ЕП, запиша втор пораз, беше убедливо совладана од од Унгарија со 33-23. Даниел Станчиук даде осум гола. Романија претходно загуби и од Италија.
Португалија после ремито со Египет славеше против Иран со 41-20, ќе игра за првото место на турнирот што се одржува во Шпанија, за противник ја има селекцијата на Тунис.










