Синот на славниот Зизу: Динамо Загреб го сака голманот кој на АФКОН направи хаос! (ВИДЕО)

472
screenshot

Денеска по мечот Алжир – Нигерија направи хаос, ама синот на легендарниот фудбалер Зинедин Зидан, кој сега игра за Гранада, Лука Зидан, би можел да го носи дресот на Динамо Загреб.
Хрватскиот клуб го посакува голманот кој има 27 години и е во добра форма, а „Ас“ ја носи оваа вест која изненади многумина во Хрватска бидејќи тимот од „Максимир“ има план да го врати Доминик Ливаковиќ во своите редови.
Досега, Лука Зидан играше за Реал Мадрид, најчесто бранејќи за вториот тим, а подоцна играше за Ваљекано и Еибар. Тој е член на Гранада од 2024 година, а оваа сезона има 14 настапи за тој тим.
Според „Ас“, Динамо е подготвен да плати 2.000.000 евра за неговите услуги.

Инаку Лука откако во два наврати киксираше против Нигерија на АФКОН, по мечот предизвика тепачка која за малку ќе се изродеше во катастрофа.

ПретходноКузмановски: Голема благодарност до „Фалангата“ – имавме чувство дека играме на домашен терен
СледноАфрика ќе добие нов шампион: “Фараоните“ славеа против БСК и се пласираа во полуфиналето на АФКОН!