Денеска во рамките од Ски светскиот куп се одржа спуст трката во женска конкуренција во австрискиот ски центар Заунченсе. Триумфот на американката Линдзи Вон остана во сенка на стравичниот пад на домашната Магдалена Егер, која што се заби во заштитната ограда и остана неподвижна.
Лекарскиот тим веднаш реагираше и ја пружи првата помош, а потоа според протоколот, австријката со хелихоптер беше однесена во болница. Се чекаат подетални информации за нејзината повреда.
На пиедесталот како втора се искачи Касја Викоф Ли од Норвешка, а трета беше уште една американка Жаклин Вилс.










