Како што и беше планирано, Силекс денеска означи старт на подготовките за пролетниот дел од тековната сезона. Шефот на струката Александар Васоски прво прозиваше а потоа се одработи и првиот тренинг на теренот во Кратово.
Како што е планот, до 17 јануари ќе се работи во Кратово за да потоа се оди во Анталија (Турција), која е стандардна зимска база на Силекс во последните години. Таму покрај вообичаените тренинзи ќе се одиграат и неколку пријателски средби.
Силекс пролетниот дел ќе го започна од четвртата позиција на табелата, а прв ривал ќе биде Башкими.















