Полувреме во Швајцарија, Македонија има негатива од пет гола

2841

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против Швајцарија има негатива од 18-13. Ова е последен меч во рамките на „Жолтиот Куп“, победникот ќе го освои првото место.

Пешевски со три гола е прв стрелец, зад него се Серафимов и Никола Костески со по два гола. Митревски има шест одбрани, Томовски една, од седум метри.

И оваа средба нашите ракометари ја отворија лошо. Противникот отвори со 6-2, разлика која ја имаше и на средината на првото полувреме (8-4). Швајцарија влезе во серија на грешки, Митревски фати неколку одбрани за мини серија од два гола по ред (Маркоски и Серафимов) за 7-5. Македонија повторно имаше моменти на нереализирани зицер ситуации.

Томовски одбрани пенал, Митревски зицер, Митев и Пешевски доближија на негатива од еден гол (10-9) во 24 минута. Нешто подоцна еден пенал, наши грешки и нов промашен зицер беше доволна причина за да домаќинот дојде на највисоки плус 6 (16-10) во 28-та минута. Пешевски го прекина налетот, на одморот резултатот е 18-13.

Очекуваме подобра игра…

ПретходноИ Силекс стартуваше со подготовките, од 17 јануари во Анталија! (ФОТО)
СледноАФКОН: “Супер Орлите“ славеа против Алжир и си закажаа полуфинале против Мароко