Аталанта со триумф против Торино!

41
ФОТО: Atalanta Bergamasca Calcio/FB

Аталанта вечерва во меч од 20.коло во Серија А, успеа со 2:0 да го победи Торино и со тоа да освои три екстра значајни бода во битката за враќање на оние места кои водат во Лигата на Шамионите.

И покрај тоа што важеше за голем фаворит, сепак тимот од Бергамо не победи на оваа средба така рутински.

Во 13.минута Де Кетеларе донесе водство од 1:0, но тој резултат важеше се до петтата минута од судиското продолжение кога Пашалиќ успеа со гол да ги постави конечните 2:0 на овој меч.

Ова беше осмата победа сезонава и трета во низа за Аталанта. Во следното коло тимот од Бергамо гостува кај Пиза, додека Торино ја дочекува Рома.

ПретходноПромена на судиите за „Ел Класико“!
СледноИ со Столе на голот: Валенсија едвај до бод со Елче на “Местаља“!