Валмир Нафиу со потпис за Малишева! (ФОТО)

117
ФОТО: FC Malisheva/FB

Валмир Нафиу (31) од денеска и официјално е нов член на косовска Малишева. Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, играч кој важеше како екстра талент во неговите младински денови во својот матилен клуб Шкендија, по шест месеци пауза откако летоска си замина од Феризај, си најде клуб за кој ќе игра во следниот период.

Од Малишева информираат дека успеале да ангажираат квалитетен играч кој во 2013 година направил трансфер и во еден Хамбург.

Инаку во Македонија тој покрај Шкендија во неколку наврати, играше и за Ренова.

ПретходноИ тоа го има во Италија: Јакимовски играше на меч кој траеше само 4 минути и 11 секунди!
СледноКузмановски: Голема благодарност до „Фалангата“ – имавме чувство дека играме на домашен терен