Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот меч на турнирот „Жолт Куп“, кој е во рамките на подготовките за настап на Европското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци ќе ги одмерат силите против домаќинот, Швајцарија, победникот ќе го освои првото место.
Нашите ракометари претходно ги победија Бахреин и Украина, исто како и денешниот противник.
Дуелот со Швајцарија треба да биде последен тест пред ЕП, каде на стартот Македонија ќе се соочи со актуелниот светски и олимписки првак.
Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија можете да го гледате на следниот ЛИНК.










