И тоа го има во Италија: Јакимовски играше на меч кој траеше само 4 минути и 11 секунди!

1168
ФОТО: Aquila Basket Trento/FB

Андреј Јакимовски вечерва со својот Тренто играше на меч кој траеше само 4 минути и беше прекинат при резултат 11:26 за гостите, за Тренто на гостувањето кај Трапани.

Невидена бламажа во елитната италијанска кошаркарска лига ако се знае дека домашните настапија со јуниори и по неколку минути играа останаа само со еден кошаркар.

Јасно беше дека судиите мораа оваа бламажа да ја прекинат и отсвирија крај на мечот по само 4 минути и 11 секунди игра.

Да кажеме и тоа дека додека се играше, Македонецот постигна 12 поени, имаше три скока и една асистенција.

ПретходноШтутгарт го “размонтира“ Леверкузен и тоа на “Бај Арена“
СледноВалмир Нафиу со потпис за Малишева! (ФОТО)