Македонија ќе игра за прво место пред ЕП, Романија доживеа дебакл

1257

Учесниците на Европското првенство кое од 15. јануари до 1. феверуари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари за што подобра подготовка за настап на шампионатот.

Македонија во овој период има две победи во исто толку одиграни натпревари, беше подбра од Бахреин и Украина, а денеска против Швајцарија ќе се бори за првото место на „Жолтиот Куп“. Мечот со домаќинот на овој тунрир е закажан со почеток во 18 часот.

Романија пак е еден од противниците на македонската ракометна репрезентација во групната фаза на ЕП, запиша втор пораз, беше убедливо совладана од од Унгарија со 33-23. Даниел Станчиук даде осум гола. Романија претходно загуби и од Италија.

Португалија после ремито со Египет славеше против Иран со 41-20, ќе игра за првото место на турнирот што се одржува во Шпанија, за противник ја има селекцијата на Тунис.

ПретходноДенвер се распаѓа откако го нема Јокиќ (ВИДЕО)
СледноФлик одбра идеален напаѓач за Барса кој чини 65 милиони евра