По голема драма и пресврт: Митев донесе реми против Швајцарија

2632

Македонската ракометна репрезентација со реми го заврши трунирот „Жолт Куп“, откако на последниот меч против Швајцарија одигра 29-29 (18-13), резултат кој им донесе второ место на турнирот. Ова не беше последен тест за нашите момци пред стартот на Европското првенство, во Данска ќе одиграат уште еден тест дуел.

Кирил Лазаров и неговите момци без пораз, со две победи и едно реми го дочекуваат големиот шампионат. И на оваа средба покажаа борбеност и карактер, бидејќи се најдоа на чекор до победа, во самиот финиш останаа со двајца играчи помалку на теренот. Секако домаќинот имаше мала помош од судиите. Митев беше клучниот играч во последните два напади беше најприсебен, на крајот мечот го заврши со пет гола. Митревски имаше седум одбрани, Томовски пет. 

Нашите ракометари после само десет минути игра имаа негатива од четири гол (6-2), овој резултат беше и на средината на првото полувреме (8-4). Митревски беше одличен на голот, па им даде ветер во грб на соиграчите, Маркоски и Серафимов го прекинаа налетот на противникот за 7-5. Подоцна нова помош од голманите (одбрана на Митревски и пенал за Томовски), Митев и Пешевски ја искористија за да ја намалат нагтивата на 10-9 во 24 минута. Избраниците на Лазаров не го задржаа темпото, Швајцарија дојде на плус 6 (16-10), на одморот беше 18-13.

Заигравме подобро во вториот дел, но противникот одржуваше позитива од три до четири гола. Томовски на средината на вториот дел при 24-21 одбрани зицер и спречи противникот да дојде на плус пет 24-21. Од овој момент Македонија со серија од 2-6 успеа целосно да направи пресврт и да поведе со 26-27. Беше вистинска драма во последните четири минути, домаќинот го врати водството, откако Македонија на реализираше напад 28-27. На две и пол минути до крајот и двете репрезентации останаа со играч помалку.

Лазаров повика тајм-аут пред еден од најважните напади, Митев реализираше за 28-28. Швајцарија реализираше за 29-28, Маркоски заработи исклучување, беше со двајца играчи помалку на теренот, Митев повторно настапи на сцена – израмни на 29-29, мечот заврши без победник.

Македонија на ЕП отвара против Данска на 16. јануари, два дена подоцна е дуелот со Португалија, додека на 20. јануари игра против Романија.

ПретходноФенербахче го освои пехарот во Супер Купот на Турција!
СледноКонечно: Столе на голот на Валенсија во Ла Лига! (ФОТО)