Потврдени најавите на СпортСпорт: Шкендија му посака успех на Клисман Цаке во Ахмат Грозни

651
Фото: Шкендија

Клисман Цаке започнува нова авантура во Русија, откако официјално се пресели во Ахмат Грозни, од Шкендија ги потврдија најавите на „СпортСпорт“.

„Сите ние во КФ Шкендија му посакуваме на Цаке многу успех во продолжението на неговата кариера“, стои во соопштението на „црвено-црните“. 

КФ Шкендија и дефанзивецот ја завршија својата четиригодишна соработка, откако рускиот клуб Ахмат Грозни ја активираше клаузулата за ослободување на црвено-црниот фудбалер.

„Трансферот на Цаке доаѓа и како приказна за фер игра и меѓусебна доверба. По шампионската титула, минатото лето тој беше слободен агент и имаше можност да замине без никаква корист за клубот, но одлучи да го обнови за уште една сезона, давајќи значаен придонес во историскиот европски успех на Шкендија. Денес, тој заминува, носејќи корист за клубот што му даде простор и доверба“, велат од Шкендија. 

Тој се приклучи на Шкендија во јануари 2022 година и четири години и пет нецелосни сезони. Во овој период, тој ја освои шампионската титула и запиша 133 официјални настапи (106 во првенството, 3 во Купот и 24 на европската арена), постигнувајќи 12 гола.

ПретходноДончиќ беше исклучен пред драмата: Одиграв ужасно!
СледноБарџи го доби култниот дрес со бр.19 на Барса! (ФОТО)