Конечно добри вести од Чаир. Предмалку екипата на Шкупи и официјално потврди дека утре со почеток од 11:00 часот на стадионот Чаир ги започнува зимските подготовки.
И покрај најавите дека клубот е пред колапс и нема воопшто да се започне со работа зимава, сега пристигнува контра информација од сето тоа.
Шкупи утре ги стартува подготовките, а со каков играчки кадар, со каков стручен штаб, и управа останува да видиме.















