Контроверзното правило го исфрла Јокиќ од трката за МВП – затоа Дончиќ има шанса

759
фото: Denver (X)

Контроверзното правило на НБА, кое бара играчот да одигра минимум 65 натпревари за да се натпреварува за индивидуални награди, се појави во преден план токму кога повредите почнуваат сериозно да влијаат на составот.

Како што објавува ESPN, списокот на „жртви“ на тоа правило станува сè подолг секој ден.

Обидот на Никола Јокиќ да ја освои четвртата титула за МВП во кариерата беше практично запрен по хиперекстензијата на левото колено, која ја претрпе на 29 декември.

Српскиот центар на Денвер сè уште е официјално во игра, но само под речиси невозможни услови – тој би морал да се врати на теренот најдоцна до 30 јануари и да не пропушти ниту еден натпревар до крајот на сезоната за да ги исполни критериумите од 65 натпревари.

Во таков исход, Лука Дончиќ се наметна како главен предизвикувач на Гилџус-Александар. Словенечкиот ас игра индивидуално на ниво на МВП и е единствениот кој, заедно со Канаѓанецот, реално останува во сериозна конкуренција.

Сепак, неговиот најголем проблем може да биде тимскиот настап – скептиците истакнуваат дека ќе му биде тешко на Дончиќ да го загрози фаворитот ако неговиот тим не остане меѓу првите шест на Западот, што традиционално се смета за неопходен услов за освојување на наградата најкорисен играч.

 

ПретходноДанска во пеколен ритам пред дуелот со Македонија, Романија со три порази пред ЕП
СледноНејмар со шокантна изјава: “Тој за мене е најдобар!“