Ако Тотенхем му врачи отказ на Франк, ќе мора да му исплати 23 милиони евра!

37
ФОТО: Tottenham Hotspur/FB

Според медиумите на Островот, Томас Франк во наредните денови ако не и часови, би требало да добие отказ во Тотенхем. Иако амбициите со него беа големи, се чини дека и со Данецот на клупата работата никако да тргне на подобро.

Отказот се наметнува како логично решение, посебно по вчерашната елиминација во ФА Купот во 1/32 коло од Астон Вила. Од друга страна се предупредива дека Тотенхем можеби и нема да брза со отказот, посебно ако се знае дека во тој случај ќе треба да му исплати отштета од фантастични 23 милиони евра, пари кои и за клуб како Тотенхем сепак не се малку.

ПретходноИ Шкупи со нов тренер означи старт на подготовките! (ФОТО)
СледноЛудо “Ел Класико“: Рафиња го “скрши“ Реал за нов трофеј во Супер Купот за Барса! (ВИДЕО)