Од вечерва е и официјално. Џанфранко Прибетиќ е нов член на ГРК Охрид. Хрватскиот репрезентативен пивот потпиша со ГРК Охрид до 2028! Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, има 25 години (196цм).
Штутгарт и Нексе се неговите претходни екипи каде што настапувал, а има и настапи за репрезентацијата на Хрватска.
“Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот” – изјави Прибетиќ.










