Петким Спор – Тофаш 76:82 во меч од 15.коло во елитната кошаркарска лига во Турциј. Ништо необично би се рекле, победа како победа на нашиот стратег Емил Рајковиќ кој е предводник на Тофаш.Но ако се знае дека ова беше осми меч на гости и прва победа на Рајковиќ и Тофаш сезонава, е тогаш јасно е дека треба да се одбележи овој триумф на Македонецот.
Освен во првата четвртина во која домашните беа подобри, во продолжение од средбата тимот на Рајковиќ ги диктираше настаните на теренот и успеа на крајот заслужено да слави.
Како што е познато Тофаш на свој терен има седум победи во исто толку одиграни натпревари, еве од вечерва почна да победува и на гости во елитната кошаркарска лига во Турција.










