Македонската ракометна репрезентација зааврши нова етапа од подготовките за настап на Европското првенство кое од 15. јануари до 1. февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци запишаа две победи (Бахреин и Украина) и едно реми против Швајцарија на „Жолтиот Куп“, кој Македонија го заварши на второто место, а Филип Кузмановски со 17 погодоци беше прогласен за МВП.
Она што е најважно е дека ракометарите покажаа карактер особено во моментите кога имаа негатива, се вратија и против Украина, и против Швајцарија. Има и делови од играта кои дефинитивно треба да се поправат пред главните битки.
Лазаров и неговите момци од денеска ќе бидат во Хернинг, градот домаќин на нашата група, па следните пет дена ќе ги искористат за финална подготовка пред тешките битки.
Македонија првиот меч на ЕП го игра против Данска на 16. јануари, два дена подоцна е дуелот со Португалија, додека групната фаза ја затвара против Романија.










