Шарлот Хорнетс на гостински терен целосно ја декласира Јута Џез со 150:95, запишувајќи ја својата петта последователна победа против тимот од Солт Лејк Сити и најголемата резултатска разлика во НБА-лигата оваа сезона. Хорнетси до убедливиот триумф ги предводеше Ламело Бол со 17 поени и пет погодени тројки, а клучот за успехот беше фантастичниот шут за три поени – екипата погоди дури 24 тројки.
Најефикасен кај победниците беше Тре Ман со 20 поени, Брендон Милер додаде 18, додека Мајлс Бриџис и Колин Секстон постигнаа по 15 поени. Колку победата беше тимска, покажува и податокот дека дури девет играчи на Хорнетс имаа двоцифрен број поени.
Кај немоќниот Џез, Брајс Сенсабо беше најдобар стрелец со 26 поени. Ајзеа Колиер запиша 17 поени и девет асистенции, а Коди Вилијамс додаде 15 поени.
Кливленд – Минесота 146:134
Индијана – Мајами 123:99
Детроит – Л.А.Клиперс 92:98
Бостон – Сан Антонио 95:100
Чикаго – Далас 125:107
Јута – Шарлот 95:150










