Брутална партија на шампионот. Таму каде што застанаа во 2025 година, играчите на Баерн продолжија во 2026 година. Денес во Минхен, германскиот шампион го декласираше Волфсбург со резултат од 8:1 во 16-то коло од Бундеслигата и продолжи самоуверено да маршира кон нова титула.
Баерн е убедливо прв на табелата со 44 бода, е +11 од Борусија Дортмунд, додека Волфсбург е 14-ти со 15 бода на своето конто и овој тим ќе се бори за опстанок и покрај сите очекувања. Ќе му биде многу тешко да се опорави од оваа катастрофа.
Стрелци на головите беа Фишер автогол уште во 3.минута за 1:0, за да потоа во листата се запишаа и Диаз, Олисе, Јенц (уште еден автогол), Гереро, Кејн, повторно Олисе и Горецка за конечни 8:1.










