Лацио ја победи Верона на гостински терен со резултат од 0:1, во натпреварот од 20-то коло на италијанската Серија А.
Тврд меч кој беше решен во 79-тата минута, кога гостите од Рим направија совршена транзиција, а играчот на Верона, Нелсон постигна автогол, за 0:1.
На овој начин, обновениот тим на Маурицио Сари успешно започна во 2026 година, српскиот напаѓач Петар Ратков го имаше своето деби и играше од 55-тата минута, додека новодојдениот од Ајакс, Кенет Тејлор, доби шанса од првата минута и добро работеше на средината на теренот.
Лацио е осми на табелата со 28 бода на своето конто, додека Верона е во сè потешка ситуација во борбата за опстанок и сега е претпоследна 19-та со само 13 бода.










