Лудо “Ел Класико“: Рафиња го “скрши“ Реал за нов трофеј во Супер Купот за Барса! (ВИДЕО)

186
ФОТО: FC Barcelona/FB

Барселона – Реал Мадрид 3:2 во финалето на Супер Купот на Шпанија, кое се одигра вечерва во Џеда (С. Арабија).Победа на каталонската гордост во едно фудбалско ЛУДИЛО. Така е кога играат Барселона и Реал Мадрид, е вечерваа играа далеку од Шпанија, далеку од Европа.

Супер меч, супер „Ел Класико“ кој го доби Барса за нов трофеј.

После тие фантастични 2:2 по првиот дел, кога по првиот гол на Рафиња, Левандовски, Вини и Гарсија стрелаа за тие 2:2, второто полувреме не донесе многу голови.

Донесе гол и втор на Рафиња во 73. за конечни 3:2, како што се покажа на крајот по асистенција на Олмо.

Во самиот финиш влезе во игра и Мбапе, Реал имаше барем три зицери, Рашфорд на другата страна, но сепак останаа тие 3:2 за Барселона за голема еуфорија кај фановите на овој клуб, но и за голема тага кај “кралеците“.

Оние неутралните само уживаа во уште една фантастична фудбалска претстава.

ПретходноАко Тотенхем му врачи отказ на Франк, ќе мора да му исплати 23 милиони евра!
СледноГерманецот има “осум од осум“: Ханси Флик не губи финале! (ФОТО)