Екипата на Рајо Ваљекано со победа ја отвори денешната Примера програма откако пред своите симпатизери го совлада тимот на Мајорка со 2:1.
Домаќинот уште од самиот старт на мечот поведе со голот на Де Фрутос кој што погоди во четвртата минута. Ведат Муриќи изедначи на 1:1, за да сепак домашните преку пеналот на Палазон во 42. минута заминат со нова предност на полувреме.
Во вториот дел немаше погодоци, но затоа домаќинот остана со играч помалку откако Оскар Валентин беше исклучен.
Рајо сега е десетти со 22 бода, додека Мајорка е место погоре од зоната за испаѓање со 18.










