Шкендија Арачиново го промовираше и Чилафи! (ФОТО)

122
ФОТО: KF Shkëndija Haraçinë 77/FB

Илас Чилафи од денеска и официјално е нов член на Шкендија Арачиново. Второлигашот кој напролет има и прволигашки амбиции и натаму се засилува. Па така дефанзивецот Чилафи, некогашен играч на Брегалница и Брера Струмица, уште едно ново име.

Како што велат Арачиновци, станува збор за играч кој е познат по својата сериозност, дефанзивна стабилност и постојана посветеност, Илас Чилафи претставува додадена вредност за тимот и сигурна алтернатива на левата бековска позиција.

ПретходноЛеванте и Еспањол одиграа без победник
Следно“Бомба“: Ливерпул ќе понуди 180 милиони евра за Белингем!