Шрудер е суспендиран бидејќи се обиде да го удри Дончиќ

467
Фото: Шрудер Инстаграм

НБА лигата во саботата го суспендираше бекот на Сакраменто Кингс, Денис Шрудер, на три натпревари без плата поради конфликт и обид за физички напад врз Лука Дончиќ по поразот на неговиот тим од Лејкерс во Лос Анџелес на 28 декември.

За време на натпреварот, кој Кингс го загубија со 125:101, Дончиќ и Шрудер неколкупати влегоа во вербални расправии. Тензиите кулминираа за време на една тајм-аут пауза, кога Дончиќ го провоцираше Шрудер со зборовите дека „требало да го потпише тој договор“, алудирајќи на богатата понуда за продолжување на договорот вредна 82 милиони долари, која Шрудер ја одбил од Лејкерс пред неколку години.

Иако изгледаше дека страстите се смириле по завршувањето на натпреварот, драмата продолжи околу 40 минути подоцна. Шрудер ја напушти гостинската соблекувална во и во тунелот го побара Дончиќ за да се соочи со него.

Според извештајот на НБА, Шрудер му се пожалил дека не може да го нарекува „ку*ка“ на теренот, а потоа да се однесува како ништо да не се случило надвор од него, по што се обидел да го удри.

Потешкиот физички инцидент бил спречен со брза реакција. Центарот на Лејкерс, Ејтон, се обидел да го оддалечи Шрудер, додека обезбедувањето интервенирало за да ги раздвои играчите. Видно изненаден, Дончиќ се обидел да се тргне од конфликтот и на крајот ја напуштил салата заедно со својот татко Саша.

Шрудер бил испратен до клупскиот автобус, каде што тренерот на Кингс, Даг Кристи, и неколку соиграчи побарале објаснување за инцидентот. Поради суспензијата, Шрудер ќе пропушти три натпревари, вклучувајќи го и следниот дуел против Лејкерс во Сакраменто.

ПретходноХернинг – последна станица за македонските ракометари
СледноАрсенал го подготвува најголемиот трансфер во историјата на клубот?