Астон Вила се засили со тинејџер од Мец

30

Екипата на Астон Вила инвестира во својата иднина и го доведе тинејџерот на тимот на Мец, Брајан Маџо. Деталите околу трансферот не се познати, но секако дека се работи за повеќе милионски трансфер, па англиските медиуми шпекулираат дека францускиот тим инкасирал 12 милиони.

Маџо има само 17 години и е класичен напаѓач. Оваа сезона настапи на пет мечеви за неговиот тим.

Интересно е што роден во Англија, а има потекло и од Луксембург, за чија што репрезентација веќе имаше дебитирано, за да потоа ја смени истата со националниот дрес на Англија.

 

ПретходноРоналдо не престанува да “тресе“, ама Ал Наср повторно поразен
СледноИзвршена е ждрепката за 4.коло во ФА Купот: Лесни задачи за фаворитите, дербито е Астон Вила – Њукасл!