Французинот покажа кој бил шефот: По овој потег на Мбапе се знаеше дека Чаби Алонсо е бивши! (ВИДЕО)

1120
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Во фудбалскиот свет се дигна многу врева околу потегот на Килијан Мбапе кога на негова иницијатива “кралевите“ не направија “шпалир“ за да им честитаат на играчите на Барселона на победата во Супер Купот на Шпанија, синоќа во Џеда. Тој негов потег ги шокираше оние неутралните.

Но, денеска искочи видео кое ги фрапира сите фанови на Реал Мадрид, на кое убаво се гледа како прво Чаби Алонсо ги повикува играчите направат “шпалир“, но подоцна и самиот тој се откажува од таа идеја кога гледа дека Мбапе токму нему му вели дека нема да има честитки.

По ова се покажа кој е шеф во Реал, или кој досега бил шеф. По овој потег на Французинот се знаеше дека Чаби Алонсо е бивши.

Да, јасно е дека со една фантастична сезона во Леверкузен не е доволна за да се преземе еден таков гигант како Реал Мадрид.

Тоа на Дон Флорентино Перез му стана јасно синоќа во Џеда, па затоа одлучи да му врачи отказ на Чаби Алонсо.

Очекувано за тоа кои знаат како функционираат работите во Реал Мадрид.

ПретходноПосветено на Андреј Лазаров: Изложба на фудбалски дресови на успешни деца од Тиквешијата и пошироко! (ФОТО)
СледноИван Чупиќ: Пред нас се битка за титулата, настап во Европа, тука е и Купот!