Иван Чупиќ: Пред нас се битка за титулата, настап во Европа, тука е и Купот!

170

РК Вардар и официјално стартуваше со подготовките за пролетниот дел.Јасно е дека некогашниот двоен европски шампион го чека голем предизвик во вториот дел од сезоната. Иван Чупиќ прозиваше, а РК Вардар тргна без петмината интернационалци кои ќе настапат на ЕП.

Планот е да се работи во Скопје, а на крајот на овој месец ќе се оди во Хрватска на силен турнир.

За текот на подготовките, но и за она што го чека напролет неговиот тим, свој коментар имаше стратегот Иван Чупиќ:

Сите знаеме дека првиот дел беше добар за нас, но сега следува она вистинското. Пред нас се битка за титулата во првенството, настапот во Европа, а тука е и Купот. За жал ќе мораме да работиме без репрезентативците. Ги нема Полјаците, ќе ги немаме и Митровиќ и Боно.Тузолана и Педро засега ќе работат посебно, Стојановски и Еспиња ќе работат со останатите, Лазаревски од декември е со нас. Се надевам дека на турнирот во Хрватска ќе биде комплетни, таму ќе играме против Загреб, Сесвете, Слован“ посочи Чупиќ и дополни…

Што се однесува до бековската линија, досега ги имавме Бороза, Талески и Хориха. Од нив двајца веќе не се со нас, но затоа го доведовме Жоао Силва кој може да игра на неколку позиции во нападот. Секако дека голем плус за нас ќе биде и враќањето на Лазаревски“ истакна Хрватот.

ПретходноФранцузинот покажа кој бил шефот: По овој потег на Мбапе се знаеше дека Чаби Алонсо е бивши! (ВИДЕО)
СледноРоналдо не престанува да “тресе“, ама Ал Наср повторно поразен