Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2-0 во сетови (7-5, 6-0) за 62 минути.
Лина имаше мотив плус на оваа средба, на трибините доминираа македонските знамиња. Нашите иселеници после големата победа ја поздравија нашата тенисерка. Тие ја искористија шансата да добијат автограм и да направат селфи со неа.
Следна противничка и е Тамара Зиданшек од Словенија, која со 2-0 ја победи Французинката Џесика Понше.










