Македонската ракометна репрезентација ја чека тешка задача на Европското првенство кое од 15. јануари до 1. февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Нашите момци шампионатот го отвараат против светскиот и олиписки првак, Данска, мечот се игра на 16. јануари. Па токму затоа целиот фокус е свртен токму кон овој противникт.
Марко Митев потенцира дека ќе го дадат максимумот за да дојдат до добар резултат, нивната желба е да го испратат пеколниот ритам кој го наметнува Данска и секако да забележат добар резултат.










