Стевче Алушoвски е нов тренер на Пелистер

3

Стевче Алушовски е нов тренер на Пелистер, тој доаѓа на местото ан Рубен Гарабаја. Алушовски токму во редовите на битолчани ја започна својата тренерска авантура, овој тим го водеше од 2017 до 2019 година.

„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.

Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд. Прозивката на новиот тренер е закажана за в среда (14 јануари) во 17:00 часот“, се вели во известувањето на Пелистер. 

See less
ПретходноДон Карло го нарече најдобар во светот, ама Перез одлучи да го продаде!