Шкендија в петок ќе го дознае ривалот во плеј-офот во Лигата на Конференции!

1
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Секако дека спортска Македонија деновиве ќе биде преокупирана со настаните од ЕП во ракомет, но секако дека со нетрпение се очекува и ждрепката за плеј – офот во нокаут-фазата во Лигата на Конференции. Познато е дека Македонија за првпат во својата историја ќе има клуб кој ќе има европска пролет, а тоа е Шкендија. Шампионот откако успеа да обезбеди пласман, преку лигашката фаза, во нокаут-фазата, сега е во очекување на тоа со кого ќе игра во плеј – офот. Самсунспор (Турција) или Лех Познањ (Полска) се можните ривали, а кој ќе биде и во кој дел од “костурот“ ќе се паднат тетовци ќе се знае во петок.

Ждрепката во Нион е закажана за 16 јануари (петок) и тоа во 13 часот. Шкендија е во групата на неносители и знае дека за ривал ќе го има или Лех или Самсонспор.

Тетовци знаат дека на првиот меч (19 февруари) ќе бидат домаќини, а во реваншот (26 февруари) ќе бидат гости. Исто така знаат дека во случај на пласман во 1/8 финалето таму за ривал ќе ги имаат Рајо Ваљекано (Шпанија) или Шахтјар (Украина).

Самсунспор или Лех Познањ се ривали кои секако дека Шкендија, ако одигра на своето ниво, се екипи кои можат да се минат иако се фаворит во однос на нашиот шампион.

ПретходноКонечно: Рајковиќ со Тофаш до прва гостинска победа сезонава!