Јовановски, Ајети и Деспотовски гости на 80- годишнината на Албанската федерација

79
Фото: federata shqiptare e volejbollit/FB

Претседателот на ОФМ, Петар Јовановски заедно со потпретседателот Хабил Ајети, како и генералниот секретар Филип Деспотовски викендов присуствуваа на свечена прослава во Тирана, на која Албанската одбојкарска федерација ја обележа 80-годишнината од своето постоење.

Двете Федерации имаат одлична соработка и го градат стабилното партнерство низ годините, а тоа одново беше потврдено и на галата, на која ОФМ му подари на претседателот на Албанската федерација, Ерлинд Плумб, плаќета со ликот на Мајка Тереза.

Јовановски, Ајети и Деспотовски беа дел од елитата на европското одбојкарско семејство, кои заедно со претседателот на Европската одбојкарска конфедерација, Роко Сикириќ, како и извршниот директор на ЦЕВ, Вук Карановиќ го прославија јубилејот на Албанската федерација.

ПретходноШкендија започнува со Брера, финишира со Ордабаси
СледноМајкл Карик е новиот фаворит за менаџер на Манчестер Јунајтед