Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари победа во првата рунда од квалификациите на Австралија Опен, откако ја совлада четвртата носителка Сиња Краус која е 108. место на АТП листата.
Ѓорческа одигра одличен меч, без загубен сет стигна до второто квалификациско коло. Таа славеше со 2-0 по сетови 7-5 и 6-0. Македонската тенисерка одигра доминантно во вториот сет, кој го доби со 6-0.
Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на 5:4, а во следните три гема на противничката и препушти само два поена.
Во второто коло ќе игра против Тамара Зиданшек од Словенија која се наоѓа на 105. место на ВТА листата.










