Искусниот македонски дефанзивец, Димe Димов ја завршува својата авантура во Индонезија. Се раздели со неговиот досегашен клуб, Персебаја, и напролет ќе го гледаме во нова средина.
Димов имаше полна минутажа во последниот период и неговите настапи во Персебаја може да се окарактеризираат како успешни.
Сепак, се има почеток и крај па така и престојот на Димов во овој клуб. Претходно тој беше дел од тимот на Локомотив Софија, а во домашниот шампионат беше дел од Металург, Кожуф, Гостивар, Хоризонт Турново, Академија Пандев.















