Костов прозиваше: И Брегалница тргна со подготовките!

144
ФОТО: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica/FB

Од денеска и Брегалница е во погон. Штипскиот второлигаш ги стартуваше подготовките за пролетнит дел од сезоната во ВМФЛ. Тренерот Влатко Костов прво „прозиваше“ за да потоа се одработи и првиот тренинг во новата година.

Засега не е познато во детали каде и како ќе се одвиваат подготовките, не се знаат и екипите со кои штипските “сини“ ќе одиграат пријателски средби, за тоа допрва ќе се инфомира како што велат од таборот на Брегалница.

Инаку овој тим во вториот дел од сезоната ќе влезе како третопласиран со -3 бода од лидерот Охрид и со -2 од Шкендија Арачиново. Познато е дека само првопласираната екипа директно ќе оди во ПМФЛ. Јасно е дека штипјани ги чека пекол во битката за таа прва позиција.

ПретходноИграч на Тиквеш оди кај Раде Стојановиќ
СледноГотово е: Гигантот од “Олд Трафорд“ има нов менаџер! (ФОТО)