Секако, убав гест, посветен на Андреј Лазаров, на некогашниот фудбалер на Тиквеш кој трагично го загуби животот во март минатата година во трагедијата во Кочани.
Имено денеска е отворена изложбата во Домот на Културата во Кавадарци, на која посетителите можат да видат автентични педесетита дресови на успешни деца од Тиквешијата и пошироко. Оваа изложба е посветена на Лазаров кој беше еден од најомилените фудбалери на Тиквеш кај кавадаречките фанови, таков и ќе остане засекогаш.










