Актуелниот бранителн на титулата во ПМФЛ шампионатот, тимот на Шкендија веќе вредно работи на темата зимски подготовки. Домашното Тетово нормално се менува со Анталија, а во меѓувреме Шкендија ги дефинираше пријателските мечеви кои што планира да ги одигра зимава.
Па така, в четврток се стартува во домашни услови против тимот на Брера, за да во Анталија се закажани уште четири мечеви.
На 20 јануари се игра со тимот на Олександрија, за да потоа на 24. да следува мечот со словачка Подбрезова.
На 28 јануари следува дуелот со Сараево, и нашите Стефан Ристовски, Агон Елези и директорот Крсте Велкоски за да се финишита со мечот против тимот на Ордабаси.















