Арсими заврши со циркусот во Хрватска!

517
ФОТО: KF Arsimi/FB

Готово е. Арсими заврши со циркусот во Хрватска, откако денеска во третиот пријателски или контролен меч беше исто така убедливо поразен со 1:4 и тоа од Приморје, тим од елитната лига во Словенија.

Интересно е сите три меча завршија со убедливи победи на противниците и тоа со многу голови (со Вуковар беше 0:4, со Славен Белупо 1:5).

Навистина колку беше потребно ова гостување во Медулин на тимот од Чегране, член на нашата ПМФЛ? Тоа само тие си знаат.

Тимот на Вилдан Салиу не ни одработи барем еден – два тренинга, веднаш почна со контроли, односно со настап на турнирот и тоа против солидни екипи од Хрватска и Словенија кои ја имаа одработено првата фаза од своите подготовки.

Несфатливо, сепак барем заврши циркусот.

ПретходноИнтервју со Билјана Црвенкоска: Знаењето нема пол, авторитетот се гради!
СледноОткриено што рекол Алонсо по отказот во Реал