По само шест месеци минати на Чаир, Луис Рибеиро (24) прави трансфер во Башкими. Португалецот со германски пасош веќе се договорил со раководството на кумановскиот прволигаш, останува само уште промоцијата.
Инаку Луис Фелипе Гуедесе Рибеиро ја минал школата на Спортинг Лисабон, но не остварил којзнае каква кариера, ако се знае дека во Германија играл за нисколигаши.
Ова е уште едно заминување од Шкупи, тим кој со нов тренер ќе се обиде напролет да ја одигра сезоната спортски иако е јасно дека уште отсега е испаднат.















