Марио Илиевски со два гола ја стартуваше годината

216

Повремениот македонски репрезентативец, Марио Илиевски е двоен стрелец за својот тим Приштина на денешниот пријателски дуел против тимот на Трепча. Дуелот заврши 2:3, за Трепча но бидејќи ова е подготвителен период најбитна е голгетерската форма на нашиот интернациоиналец.

Илиевски е некогашен капитен на нашата У21 репрезенатција, кај селекторот Благоја Милевски имаше одреден статус, беше повикуван периодично. Ќе видиме каков став по него ќе има новиот селектор Гоце Седлоски.

Во есенскиот дел од сезоната на шампионатот на Косово, Илиевски постигна седум гола. За Приштина настапи и новото засилување на овој тим Стефан Наумчески.

 

 

ПретходноНовиот тренер на Реал:„Сакам Вини да танцува и да ужива!“
СледноКостески: Се надевам дека ќе ја израдуваме цела Македонија!